ДОКУМЕНТ: Со ова се ставаат вон сила сите досега донесени одлуки со кои беа одредени составите на поранешните комисии за водење на спомнатиот дијалог (македонски)

11893_original.gif

Советот на Епископите на Српската Православна Црква го објави почетокот на нов дијалог со Македонската Православна Црква.

Со цел да се изнајде канонски исправно и во духот на црковното предание прифатливо решение за статусот на таканаречената македонска православна црква, начелно да се одобри продолжение на дијалогот помеѓу претставниците на Српската Православна Црква и оваа „црква“ во раскол.

Ова под услов пред конечното регулирање на ова прашање да биде постигнато позитивно решение на новиот судски процес кој е покренат против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски Господин Јован, како и против 18 други припадници на автономната Православна Охридска Архиепископија, меѓу кои се двајца епископи.

Со цел водење на разговорите, да се формира нова Комисија на Светиот Архиерејски Собор за дијалог со претставниците на таканаречената македонска православна црква, и за нејзин претседател да се именува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот црногорско-приморски Господин Амфилохиј, а за членови: Неговото Преосвештенство Епископот бачки Господин Иринеј, Неговото Преосвештенство Епископот захумско-херцеговачки Господин Григориј и Неговото Преосвештенство викарниот Епископ стобиски на автономната Православна Охридска Архиепископија Господин Давид, додека за нејзин секретар да се постави протојерејот мр Гајо Гајиќ, хонорарен службеник на Светиот Архиерејски Синод.

Со ова се ставаат вон сила сите досега донесени одлуки со кои беа одредени составите на поранешните комисии за водење на спомнатиот дијалог.

27.05.2015.

Православна Охридска архиепископија

Поделиться:  


в разработке

Документы общеправославного значения

Современные межправославные отношения

Древлеправославная Церковь Христова Белокриницкой иерархии

Русская Православная Старообрядческая Церковь в Румынии

Русская Древлеправославная Церковь

Расколы и разделения в Русской Православной Церкви XX-XXI ст.

Украинские церковные расколы

Русская Православная Церковь Заграницей и греческий старостильный раскол

Расколы в Румынской Православной Церкви

Расколы на территории Западной и Центральной Европы

Episcopi vagantes

Внутрицерковное сектантство и околоцерковная мифология